Станува неизвесно учеството на силниот меѓународен турнир во Стразбург, за екипата на РК Вардар.
Европскиот ракометен шампион требаше во периодот од 22-25.август да биде дел од силниот меѓународен турнир Стразбург, но учеството на истиот е под знак прашалник, со оглед дека од 26.август Вардар треба да настапи на „Супер Глоуб Купот“, или неофицијалното светско првенство, кој ќе се одигра во Саудиска Арабија.
На Вардар и на тренерот останува да решат, дали црвено-црните ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир во Стразбург, иако шансите за такво нешто се мали. Подготовките за новата сезона, Европскиот Шампион ќе ги стартува на 24 јули во Скопје, каде ќе остане една недела, а потоа ќе заминат за Требиње, каде ќе се одвиваат главниот дел од подготовките. Тука Вардар ќе биде дел од турнир на кој ќе настапат екипите на Металопластика, потоа Изола од Словенија, домашниот тим на Леотар, како и клубовите од БИХ, се работи за Борац од Бања Лука и Извиѓач.