Сосема очекувано, членовите на “Зборнаја„ кои се дел црвено-црниот тим се најдоа и на скратениот список на селекторот Едуард Кокшаров. Селекторот на Русија и спортски директор на РК Вардар, реши овие четворицата ракометари да бидат предводници на репрезентацијата на големото натпреварување.
На скратениот список за Светското првенство кое ќе се игра идниот месец во Германија се најдоа: Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Дмитри Кисељев и Глеб Калараш. Горбок Сергеј поради повреда не може да помогне, тој беше на прелиминарниот список пред неколку месеци за СП. Интересен факт е дека не списокот е и Александар Деревен, член на шампионската европска екипа на Вардар.