Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марио Стојановски: Признанието за најдобар играч дојде како награда за мојот труд и работа, ќе дадеме се од себе да обезбедиме Ф4 и да ја освоиме пионерската лига
Марио Стојановски: Признанието за најдобар играч дојде како награда за мојот труд и работа, ќе дадеме се од себе да обезбедиме Ф4 и да ја освоиме пионерската лига

Марио Стојановски: Признанието за најдобар играч дојде како награда за мојот труд и работа, ќе дадеме се од себе да обезбедиме Ф4 и да ја освоиме пионерската лига

Марио Стојановски е уште еден од низата играчи кои преку “Јуниор Лигата„ успеале да стигнат до ракометниот клуб Вардар. Се работи за играч кој е дел од пионерите на РК Вардар, тоа се генерацијата на ракометари родени 2004/05 година и екипа која се формира минатата сезона, а ја сочинуваат играчи кои беа дел од големиот проект на Вардар. Доста брз и интелегентен играч со силен удар кој настапува на левата бековска позиција. Во следното наше интервју ве запознаваме токму со Марио Стојановски кој игра за пионерите на Вардар.

1. Од каде произлезе желбата да играте ракомет, како се случи да започнете со овој спорт ?

-Желбата за ракомет ја имам уште од најмала возраст,гледајќи ги успесите на нашата репрезентација и клубскиот ракомет посакав и јас да бидам дел од ракометното семејство и да имам можност да постигнувам успеси како нашите врвни ракометари.

dobredojde-za-baltepe-angeli-drachevo-vo-vardar-junior-ligata-14485

2. На колку години започнавте да тренирате ракомет, во која школа и кој беше првиот тренер со кој соработувавте ?

-Почнав да тренирам ракомет на десет годишна возраст,во школата на тренерот Милева Велкова, која е поранешна ракометарка на Кометал Ѓ.П и Македонската репрезентација. Чест ми беше да ги учам првите почетоци во ракометот со таква ракометна легенда.

3. Како се случи да преминете во Вардар, може ли да го опишете моментот ?

32186569_10211730384560682_6619925417941794816_n

-Најпрво започнав да играм во „Вардар Јуниор Лигата„ за екипата на Ангели, каде тренер ми беше Силвана Миленковиќ. После неколку одиграни натпревари, бев забележан и повикан да се приклучам во ракометната селекција на Вардар.

4. Бевте дел од “Јуниор Лигата„ настапувајќи за екипата на Ангели. Какви беа твоите впечатоци од овој проект на РК Вардар, колку “Јуниор Лигата„ ви помогна да бидете она што сте денес ?

-Како што ви напоменав, моите почетоци ги имав во “Вардар Јуниор Лигата„. Впецатоците се навистина одлични затоа што таа лига претставува можност за младите играчи да ги покажат своите способности и истите да бидат видени од тренерите во Вардар. Овој проект е навистина од големо значење за секој млад играч, кој сака да биде дел од Вардар. Лигата ми помогна и на мене да бидам дел од голем клуб, како што е Вардар.

5. Со пионерите на Вардар бевте дел од три турнири, на кои имавте можност да се сретнете со различен тип на противници. Може ли на кратко да ни ги споделите впечатоците од сите три турнири на кои настапивте, колку сте задоволен од играта и постигнатите резултати ?

44794737_967372186793480_7142055349346893824_n

-Турнирот во Илинден беше прв во низата кој што ги одигравме оваа зима.На истиот настапувавме со екипи постари од нас и резултатот можеби и не беше во прв план, колку што беше битна нашата игра на натпреварите. Дека добро се подготвивме на овој турнир беше доказ турнирот во Белград, каде во конкуренција со навистина силни екипи од регионот стигнавме до финалето, со максимални 5 победи на 5 натпревари. Во финалето за жал изгубивме но сепак сметам дека покажавме одлична игра на сите натпревари, дека созреавме како екипа, а секако дека среброто од тој турнир е доказ дека сме на прав пат и работиме правилно и напорно со нашиот тренер Зоран Петковски-Зенга. Последен беше турнирот во организација на Вардар на кој што завршивме на првото место и навистина сме пресреќни што после среброто во Белград, успеавме да бидеме и шампиони на еден турнир на кој земавме учество.

6. Во есенскиот дел од пионерската лига имавте само еден пораз и тоа на стартот од сезоната. Како ја видовте изминатата полусезона, дали во екипата има напредок во однос на минатата сезона ?

-Да, во есенскиот дел за жал го загубивме дербито со екипата на Металург, но на сите останати натпревари победивме. Напредок секако дека има и истиот е видлив на секој натпревар особено сега откако собравме искуство на турнирите на кои што учествувавме.

7. На турнирот “Еден живот, една љубов„ бевте прогласени за најдобар играч на завршниот турнир. Дали ја очекувавте оваа наградата, што претставува истата за вас и дали е прва за вас ?

91

-На турнирот размислував само за тоа да победиме на секој натпревар и да го дадам најдоброто од себе. Наградата за најдобар играч ми дојде како награда за целиот труд, но да бидам искрен не ја очекував истата. Голема заслуга за истата имаат и моите соиграчи и тренерот. Оваа е прва индивидуална награда за мене и претставува мотив плус за уште понапорно да тренирам.

8. Марио, што е потребно според вас за еден играч да биде успешен во иднина. Кои услови треба да ги исполнува, на што треба најмногу да се посветува внимание ?

-За еден играч да е успешен според мене пред се е потребна огромна љубов кон ракометот, посветеност и напорна работа на секој тренинг и натпревар, како и да се слушаат и применуваат советите од тренерите.

9. Имате можност да работите и учите од Зоран Петковски, кој е поранешна ракометна легенда на Вардар и Македонската репрезентација. Каков е како човек и тренер, колку често комуницира со вас играчите, на теренот и надвор од него ?

vardar-aerodrom-pioneri-3-12-2018-186261

-Огромна чест и задоволство ми е што имам можност секојдневно да работам и да ги учам тајните на ракометот од легендата на Вардар и Македонската репрезентација, Зоран Петковски. Пред се затоа што е добар човек, а потоа и како тренер. Кога е потребно тој нормално е строг и на еден негов карактеристичен начин не учи за се она што треба да го знаеме за ракометот. Доколку нешто ни е потребно тој е секогаш тука за секој од нас и по тренинзите и натпреварите.

10. Што да очекуваме од Вардар во пролетниот дел од сезоната, решавачки за конечниот пласман во  групата ќе биде дуелот со Металуг. Дали вашиот тим има квалитет за победа во дербито и на сите останати мечеви и дали се гледате како патници на завршниот турнир ?

vardarfans-stojanovski

-Во пролетниот дел од сезоната очекуваме победа на секој натпревар,па така и на дербито во првото коло против екипата на Металург. Ке дадеме се од себе да имаме успешен старт на пролетниот дел, да обезбедиме F4 и секако да победиме на завршниот турнир од лигата.

Звонко Ивановски