Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар, Загреб и Нексе блиску до пласман на Ф4 во СЕХА, голема борба ќе се води за четвртиот патник
Вардар, Загреб и Нексе блиску до пласман на Ф4 во СЕХА, голема борба ќе се води за четвртиот патник

Вардар, Загреб и Нексе блиску до пласман на Ф4 во СЕХА, голема борба ќе се води за четвртиот патник

Со натпреварот Стеауа-Нексе стартуваше 14.коло во СЕХА-лигата. Иако вицешампионот на Хрватска беше ослабен поради неиграњето на неколку свои играчи кои се наоѓаат на СП, сепак тоа не беше проблем да се стигне до голем триумф на гостувањето во Романија. Со оваа победа, Нексе се израмни според бројот на освоени бодови со екипите на Вардар и ППД Загреб и може да се каже дека е сигурен учесник за завршниот турнир во ова натпреварување, што ќе биде прво вакво големо достигнување за екипата на Нексе, која за прв пат ќе игра на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата.

Покрај Нексе, патници на завршниот турнир се и Вардар и ППД Загреб, кои треба формално да ги одработат последните пет натпревари и тоа каков ќе биде конечниот пласман на екипите од 1-3.позиција на табелата. Единствено останува нејасно праѓањето која ќе биде четвртата екипа која им прави друшто на споменатите три, во борбата за трофејот. Борбата ќе се води помеѓу екипите на Брест Мешков и Татран прешов кои имаат еднаков број на освоени бодови, иако теоретски шанси има и екипата на Војводина, но тие заостануваат дури осум бодови, па се повеќе е очигледно дека до последното коло, Татран и Брест ќе ја водат битката за последниот патник на завршниот турнир.

До крајот на регуларниот дел, црвено-црните ги очекуваат гостувања кај екипите на Војводина, Нексе и Извиѓач, додека на домашен терех ги пречекуваат екипите на ППД Загреб и Брест Мешков.