Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци полека се комплетираат и подготвуваат за наредните предизвици
Вардарци полека се комплетираат и подготвуваат за наредните предизвици

Вардарци полека се комплетираат и подготвуваат за наредните предизвици

Од вчера, црвено-црните се побројни на тренинг со оглед дека на екипата се приклучија играчите кои беа дел од Светското првенство. Исто така и тренерот Парондо за прв пат после мундијалот имаше можност да го води тренингот на својот тим.

Оние седум играчи кои се вратија од СП, во текот на вчерашниот ден добија поштеда и работеа само во теретана. Се работи за Стоилов, Поповски, Милосављев, Дибиров, Шишкарев, Калараш и Кисељев. Последен кој ќе се приклучи на екипата е Игор Карачиќ, кој утре со Хрваска игра меч за пласман на 5.позиција против селекцијата на Шведска.

Под посебен режим и одвоено од екипата тренираат Фереира, Гедбан, Борозан и Горбок. На 31. јануари го играме првиот натпревар за оваа година, кога во рамките на СЕХА-лигата гостуваме на екипата на Војводина.