Изминатата сезона се покажа дека сите предвидувања околу пласманот на црвено-црните во лигата на шампионите беа крајно погрешни. Европски ракометен шампион Вардар е четврти фаворит во трката за европскиот врв оваа сезона, според светските обложувалници.
Веќе се истакнаати коефициентите пред почетокот на ЕХФ Шампионската лига. Прв фаворит повторно е ПСЖ, тим кој и лани го имаше истиот статус па на крајот не го виде Келн. За нив е одреден 2.25 коефициент, втор на листата е тимот кој два пати го исфрламе во 1/2-финалето, екипата на Барселона. Коефициентот за шпанците е 3.20, додека за унгарскиот Веспрем одреден е коефициеното 6.00. На Вардар му се дава коефициент 12,00 за да ја одбрани шампионската титула. По овие коефициенти сепак треба да напоменеме дека за разлика од лани кога не не гледаа во најдобрите четири тима, тоа оваа сезона е променето.