Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Утре на мегдан со Италија, вардарки подготвени и мотивирани
Утре на мегдан со Италија, вардарки подготвени и мотивирани

Утре на мегдан со Италија, вардарки подготвени и мотивирани

Утре, недела (4.август) во Италија започнува ЕХФ шампионатот за девојки до 17.години, на истиот отвараме токму против домаќинот. Дуелот e  закажан за 20-00 часот, во овој тим има 11 вардарки кои се „костурот“ на екипата.

Во овој ростер се следните Вардарки, гол-тандемот на црвено-црните ќе биде клучен на овој шампионат истиот го сочинуваат Симона Грујовска и Јована Трајкоска. Двете девојки одлично бранеа на контролките со Бугарија, каде Грујовска особено се истакна со 23 одбрани. Пикерската линија исто така има дуо од нашиот тим, секогаш цврстите и бескомпромисни Ивана Џатевска и Катерина Дамјановска, од нив  се очекува да прикажат голема борба што е нивна специфика на мечевите на кои настапуваат. На крилните позиции ги имаме тритте девојки кои често решаваат дуели, од лево имаме дуо,  девојката која е одлична во два правци, Сара Миновска и Стефанија Ѓорѓиевска која блесна со Бугарија погодувајќи 8 пати. Мими Петковска  ќе биде задолжена за погодоци од спротивната страна. Во одбраната додатна силина на тимот ќе дава Гроздановска Ангела, ракометарката  која е „специјалист за дефанзива“ и која е непремослива пречка за ривалите. На бековските позиции ги имаме креативната и  секогаш храбрата Ана Марија Коларовска, потоа „леворакиот бомбардер“ Ангела Костовиќ и девојката која може да игра како креативец и лев бек, Андреа Седлоска.