Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс е најдобар ракометар за јуни во избор на ЕХФ: Среќен сум што сум дел од едно семејство како Вардар
Кристопанс е најдобар ракометар за јуни во избор на ЕХФ: Среќен сум што сум дел од едно семејство како Вардар

Кристопанс е најдобар ракометар за јуни во избор на ЕХФ: Среќен сум што сум дел од едно семејство како Вардар

Летонскиот “џин“, Данис Кристопанс е прогласен за најдобар ракометар за изминатиот месец, јуни, во изборот на ЕХФ. Тој беше еден од главните лидери во редовите на Вардар  во походот до европската круна, воедно со својата земја за прв пат обезбеди настап на големо натпреварување, ЕП. Покрај него во конкуренцијата за најдобар ракометар  беа и уште двајца вардарци кои во новата сезона ќе играат во други тимови, Игор Карачиќ и Дејан Милосављев.

-Голема чест за мене. Ова беше мојата најдобра сезона, во втората половина тимскиот дух постојано растеше. Поради проблемите кои ги имавме претходно никој не очекуваше дека ќе успееме. Чувството е неверојатно. Никогаш нема да ги заборавам овие моменти. Голема благодарност до соиграчите, среќен сум што сум дел од ова семејство-вели Кристопанс.