Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пресврт, Коста Манев останува во ФК Вардар!
Пресврт, Коста Манев останува во ФК Вардар!

Пресврт, Коста Манев останува во ФК Вардар!

Пресврт во случајот на Коста Манев. Иако играчот беше далеку од нов договор, па дури и неговиот менаџер потврди дека дефинитивно си заминува од клубот, сепак, се случи она спротивното.

Коста Манев утре или најдоцна во среда ќе потпише нов тригодишен договор со тимот од Скопје, со што и официјално ќе ја продолжи верноста.

Оваа вест е одлична за Александар Васоски, кои и во новата сезона ќе има два супер одбрамбени играчи, најдобрите во ПМФЛ, Евгениј Новак и Коста Манев.

Покрај Манев, како што напишавме и Жуниор Реис останува дел од „црвено – црните” и во новата сезона која започнува за нешто повеќе од еден месец.