Tuesday ,15 October 2019
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Симовски го превзема еден од главните ривали на црвено-црните, тимот на Куманово
Симовски го превзема еден од главните ривали на црвено-црните, тимот на Куманово

Симовски го превзема еден од главните ривали на црвено-црните, тимот на Куманово

Веќе поранешниот тренер на црвено-црните, селекторот на женската ракометна репрезентација  Симе Симовски, од вчера е нов тренер на екипата на ЖРК Куманово од истоимениот град.

Тој ќе раководи со  победникот на Купот на Македонија од изминатата сезона, екипа која се провлече во финалето на домашен терен против далеку помладите и похрабри вардарки. Симовски неколку сезони го водеше Вардар Јуниор, а изминатата сезона беше на клупата на ЖРК Вардар. Тој го наследува Ненад Краљевски, неговото место на црвено-црната клупа го зазема Драгана Ристова (Пецевска), која за помошник ја има Билјана Црвенковска.