Вардар направи ново големо чудо, но кога на голот го имаш Дејан Милосављев, се е можно. Иако млад и неискусен, дебитант на еден завршен турнир, популарниот „Банда“ повторно покажа голем квалитет на голот, полуфиналето со Барса го заврши со неверојатни 18 одбрани.
Ниту во еден момент оваа сезона не се почуствува заминувањето на Штербик од Вардар. Штета што младиот Милосављев нема да можеме да го гледаме во Вардар од следната сезона, но пред ова момче претстои блескава кариера. Докажа и дека не случајно беше избран во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ, како најдобар голман, што покрај големи имиња, е големо признание за вардаровиот голман.
Погледнете дел од одбраните на линкот, ТУКА. и ТУКА
Утре најверојатно на голот на Веспрем ќе го нема Штербик, кој денес се повреди, но тука е Миклер, кој исто така брани во одлична форма. Може ли „банда“ да направи нова магија на голот на Вардар останува да видиме.