Вториот дел од овој натпреварувачки викенд во Јуниор вардаровата лига започна со два машки дуели. Тие се одиграа во малата сала при СЦ Јане Сандански во Скопје, ова се постигнатите резултати.
Во средбата кај момците во генер.2006/07 РК Бисинов го совлада РК Карпош Вардар со 19-15. Тимот од Велес прв поведе на почетокот со 1-0, тимот на РК Карпош се обидуваше да парира ама не успеваше во продолжение. Бисинов успеваше од минута во минута да ја зголемува предноста, па на одмор замина со шест гола позитива. Тие водеа 10-4 на полувреме.
Во вториот дел започна со игра гол за гол, тимот од Велес успеваше да ја одржува предност од шест гола се до 15-9. Момците на Ј.Миодраг-Црни заиграа поангажирано во продолжение и влегоа во серија, тие доминираа и со серија 1-5 намалија на само два гола, 16-14. Сепак немаа сили за изненадување и беа поразени со 19-15 на оваа средба.
Во средбата кај генерација родени 2004 и 2005 РК Карпош Вардар го совлада тимот на ѐРК Урдаревски од Скопје со 25-15. Момците на Ј.Миодраг-Црни поведоа со 1-5 на самиот почеток и најавија дека ќе го контролираат овој дуел во целост. Тие доминираат и потоа па на одмор заминаа со високи осум гола, предност 6-14.Вториот дел со голот за скопскиот тим кој намали на 7-14, потоа играчите од куманово влегоа во неверојатна серија. Тие направија 0-8 со што се одлепија на 15 гола предност, 7-22. Тимот од Скопје во финишот се врати во игра успеаа дел од високата негатива да намали па беше поразен со десет гола, 25-15.