Ракометниот клуб Вардар е основан веќе далечната 1961 година, но сепак најуспешната година во своето постоење ја имаша оваа измината година. Перфектна и незаборавна година за екипата на РК Вардар која успеа да се освои се што можеше во 2017 година. Ние станавме Шампиони на Европа, шампиони во регионалната СЕХА лига, ја одбанивме “двојната круна“ во Македонија и станавме прв освојувач на ракометниот машки Суперкуп. Вкупно пет титули донесе оваа 2017 во црвено-црните витрини. Во продолжение пет фотографии од подигањето на сите трофеи во годината која ќе биде забележана со златни букви во вардаровата историја.