Денес, селекторот на кадетската машка ракометна репрезентацијата, Данило Брестовац, го објави списокот на повикани ракометари за подготовки пред настапот на Балканскиот кадетски шампионат. На списокот за шампионатот кој ќе се одржи во Бугарија има три имиња од црвено-црниот состав. Станува збор за: Савревски, Калајџиески и Грујоски.
Шампионатот во Бугарија ќе се игра од 11 до 13 октомври, а покрај Македонија ќе настапат и репрезентациите на Бугарија, Турција, Косово и Ц.Гора. Собирот е закажан за 7 октомври со почеток во 08:00 часот.