Четирите машки ракометни екипи на Вардар се на зимска пауза, тие зад себе во изминатата 2018 година го оставија есенскиот дел. Полека дел од екипите се подготвуваат за новите предизвици во новата календарска 2019 година. Веќе на почетокот од идниот месец, февруари три од нив ќе започнат со пролетните мечеви. Станува збор за двете младински и пионерската екипа, а пак кадетската лига започнува во втората половина на март. Ова се датумите и ривалите за првите пролетни кола.
Младинци: Вардар-Работнички и РК Металург 2-Вардар Јуниор (2/3.февруари)
Кадети: РК Алушвски-Вардар (23/24.март)
Пионери: Вардар-Металург (9/10.февруари)