Пред почетокот на новата сезона во Лигата на Шампионите, од ЕХФ направија избор на пет екипи кои имаат најголемо искуство во ЛШ. Во изборот секако се најде и актуелниот европски шампион.
-Може ли да направите нешто подобро од освојување на Лигата на Шампионите, два пати, во последните три сезони ?, тешко. Вардар повторно го градеше тимот ова лето откако од клубот замина тренерот Гарсија Парондо и клучните играчи како Игор Карачиќ кој беше МВП и голманот, Дејан Милосављев. Но, тоа се чини дека не исплаши никого во Скопје. Ваков сличен егзодус имаа и претходно, но без да го променат моментумот во клубот. Тие знаат како е да се освои титула, се вели во соопштението на ЕХФ.
На првите четири места во оваа категорија се најдоа екипите на ПСЖ, Веспрем, Барселона и Киелце.