Нема одмор, но нема ни проблеми за Вардар. Шампионот на Македонија помина уште една пречка на патот до нова титула. Вечерва “црвено – црните” момци одиграа уште еден натпревар во Битола, овој пат во Супер лигата. Нашиот тим славеше победа над Пелистер со резултат 36-24 (14-13).
Тимот на Пелистер се држеше одлично во првиот дел, иако Вардар на почетокот направи серија од 7-3, сепак битолчани на пауза заминаа само со еден гол негатива. Во вториот дел Вардар работата си ја сфати сериозно, и заигра одличен ракомет. На средината на вториот дел Вардар дојде и до предност од плус десет, тука се беше јасно ако и имаше дилеми на овој меч. На крајот, вардарци победија со дванаесет голови разлика 36-24.
До крајот остануваат уште два натпревари, оние против Борец и Охрид.
Пелистер – Вардар 24-36 (13-14)
Пелистер: Даниловски 1, Борјан Маџоски, Бојан Маџоски, Рајатовски 1, Чантурија, Димитровски 6, Вујачиќ 5, Колев, Митревски 1, Тасески, Ивановски, Павловиќ 5, Николиќ 2, Тодоровски, Везенковски 1.
ВАРДАР: Штербик, Стоилов 2, Недановски 2, Милиќ, Рожерио 2, Македа 3, Карачиќ 1, Душебаев 1, Кањељас, Циндриќ 4, Чупиќ 8, Дибиров 8, Борозан 5.