Младинците на ракометниот клуб Вардар стигнаа до нова третта последователна победа во својата група 1 од младинската лига. Вечерва во спортската сала, избраниците на Пепи Манасков убедливо ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П.
Вардарци први го отворија резултатот и поведоа со 0:1, по што домашната екипа постигна четири голови во серија и поведе со 4:1. Во следните пет минути, екипата на Македонија Ѓ.П. ја одржуваше оваа предност од три гола, но црвено-црните полека го фаќаа потребниот ритам и со три сврзани погодоци израмнуваат на 6:6. Противникот повторно поведе со 8:6, но Вардар врати на ист начин и не дозволуваше ново одлепување на домашниот тим. При водство на Ѓорче од 9:8, нашиот состав прави серија од 0:3 и за прв пат има два гола предност (9:11). Следи фуриозан финиш на првиот дел за нашите младинци, кои од 11:12 постигнуваат четири последователни голови и на одмор заминуваат со највисоки 11:16.
Второто полувреме започна со два гола на домашниот тим за намалување на 13:16, но избраниците на Манасков повторно со серија од три погодоци стигнуваат до највисоки шест голови предност (13:19). До крајот на натпреварот, гледаме целосна доминација на Вардар кои како одминуваа минутите постојано го зголемуваа водството. Кога стигнавме до двоцифрена предност од 17:27 беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој натпревар. Се што успеа во продолжение од мечот, Ѓорче е да намали на 24:32 и ништо повеќе. Во последните пет минути од дуелот, црвено-црните ја вратија двоцифрената предност и на крајот славеа со резултат 26:36.
Лука Благопетров беше најефикасен со 8, додека Никола Хаџидимовски постигна 7. Ова беше третта последователна победа за младинците на Вардар Јуниор во пролетниот дел, а вкупно петта оваа сезона. На тој начин ги одржавме шансите за пласман на завршниот турнир.