На последниот натпревар од денешната програма во “Јуниор“ лигата, во големата сала на С.Ц. Јане Сандански се сретнаа екипите на Опш. Кисела Вода 1 и РК Кастратовиќ, во женскиот дел кај генерација родени “2004/05 година.
Сребрените девојки на Здравка Дамовска од последното издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ продолжуваат со добрите игри и во Јуниор лигата. Тие денес издвојуваа висока победа. Добро го започнаа мечот каде имаа водство од 0:4, за Кисела Вода да го постигне првиот гол и да го намали резултатот. До крајот на првото полувреме, РК Кастратовиќ прави нова серија од 1:6 и на полувреме заминува со предност од 2:10.
На стартот на второто полувреме, избраничките на Дамовска постигнуваат нови четири погодоци за веќе да имаат двоцифрена предност од 2:14. До крајот на првото полувреме се одржуваше оваа разлика, за мечот да заврши со конечен резултат од 5:18.
Најефикасни во победничкиот тим беа Софија Стојчевиќ и Јана Митова со по 3 погодоци.