Денес во СЦ. ,,Јане Сандански” се одигра натпреварот на Вардар и ГРК Охрид во рамките на 9.коло од плеј-офот во ракометната Супер лига. Очекувано, ,,црвено – црните” ja запишаа деветтата победа без многу мака. Во текот на целиот натпревар Вардар водеше, а на крајот победи со резултат 37:29.
Првите десет минути од дуелот му припаднаа на домаќинот кој имаше водство од 8-4. Веќе на средина на првиот дел ,,црвено – црните” дојдоа и до високи и убедливи плус пет, 11-6. Како одминуваше првиот дел, така и Вардар ја зголемуваше својата предност, па така во 21.минута дојде и на високи плус девет, 16-7. До крајот на првиот дел продолжи убедливата игра на нашиот тим, па така на пауза се замина со убедливи 23-12.
Вардар продолжи со добрата и убедлива игра и во вториот дел. Во 39.минута од дуелот резултатот беше 29-17. Потоа следуваше и опуштање кај нашиот тим, па така гостинот се врати на пристојна негатива од минус осум, 30-22 во 44.минута од дуелот. На десет минути до крајот на натпреварот, резултатот беше 32-25. Во последните десет минути шанса кај Вардар добија и младите Мишевски, Јагуриновски, Атанасовски, Карапалевски. На крајот победата дојде издвојувана со плус осум.