Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Секој што ќе заслужи и ќе покаже на тренинг ќе добие шанса!
Алушовски: Секој што ќе заслужи и ќе покаже на тренинг ќе добие шанса!

Алушовски: Секој што ќе заслужи и ќе покаже на тренинг ќе добие шанса!

Првиот тренинг во 2020 беше и прв за тренерот Стевче Алушовски кој по 10 години повторно е дел од „црвено-црните”. Сега на клупата како прв стратег.

Алушовски вели дека секој што ќе се покаже на тренинг ќе добие и шанса да игра. Исто така новиот тренер на Европскиот шампион потенцираше дека е среќен што ќе работи со оваа група на луѓе победници.

„Среќен сум што сум дел од Вардар, како европски шампион. Спомените се тука. Малку е изменет амбиентот кога јас играв и сега со овој спортски објект, и со она што го има освоено клубот. Среќен сум што ќе работам со оваа група на луѓе што се победници. Треба да се запознаеме, едно е гледање на натпревари, друго е на тренинг. Секој што ќе заслужи и ќе покаже на тренинг ќе добие шанса. Имаме 30 натпревари и ќе треба доста да ротираме и да се чуваме за најважните натпревари“, вели Алушовски.