Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе: Можеби немаме многу играчи за ротација и толку квалитетни, но и лани беше слично па стигнавме до финалето!
Скубе: Можеби немаме многу играчи за ротација и толку квалитетни, но и лани беше слично па стигнавме до финалето!

Скубе: Можеби немаме многу играчи за ротација и толку квалитетни, но и лани беше слично па стигнавме до финалето!

Средниот бек на Вардар, Сташ Скубевели дека е секогаш оптимист и дека ако бидат сите играчи здрави, тогаш можат да постигнат голем успех повторно. Скубе потенцираше дека и минатата сезона тимот имал краток ростер како и сега, но пак стигнал до финалето и до големиот трофеј.

„Би рекол дека навистина имавме проблеми во ноември и декември, затоа и имавме малку полоши резултати. Се надевам дека сите од ЕП ќе се вратат здрави и конечно да одиграме некои натпревари комплетни. Јас и натаму тврдам дека Вардар е квалитетен и јак, и може да има добри резултати. Можеби немаме многу играчи за ротација и толку квалитетни, но и лани беше слично па стигнавме до финалето. Секогаш сум оптимист и само да бидеме здрави“, вели Сташ Скубе.