Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар има нов голман, Робин Кантегрел е ново засилување за Европскиот Шампион
Вардар има нов голман, Робин Кантегрел е ново засилување за Европскиот Шампион

Вардар има нов голман, Робин Кантегрел е ново засилување за Европскиот Шампион

Европскиот ракометен Шампион продолжува да го гради тимот за следната натпреварувачка сезона. Новото засилување за црвено-црните доаѓа на голманската позиција, а се работи за интернационалец од Франција.

Откако Митревски го одби Вардар и реши кариерата да ја продолжи во Португалија, Вардар најде голман. Се работи за Робин Кантегрел кој има 25 години и сезонава бранеше за екипата на Сесон-Рен. Иако имаше информации по медиумите дека за неговиот потпис, Вардар ќе мора да плати оштета, од тоа нема ништо, па Кантегрел како слободен играч ќе пристигне во Скопје.

Се работи за одличен млад чувар на мрежата, кој покажува одлични перформанси. Во Вардар ќе работи со еден од најдобрите тренери, Дејан Периќ, кој и во новата сезона ќе биде задолжен за голманите. Со доаѓањето на Кантегрел, клубот го решава прашањето на голманската позиција, ако се знае дека од претходно договорите ги продолжија, Борко Ристовски и Марко Кизиќ.