Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ со смешни 25.000 евра го „обештетува“ Вардар за неможноста да ја брани круната
ЕХФ со смешни 25.000 евра го „обештетува“ Вардар за неможноста да ја брани круната

ЕХФ со смешни 25.000 евра го „обештетува“ Вардар за неможноста да ја брани круната

ЕХФ, европската ракометна федерација минатата седмица донесе одлука според која оваа сезона  осминафиналните и четвртфиналните средби од Лигата на шампионите нема воопшто да се играат. На фајнал форот,  завршниот турнир каде ќе биде познат шампионот ќе настпат прво пласираните две екипи од  групата Аи Б во групната фаза.

Вардар како и нивниот ривал од 1/8-диналето, тимот на  ПИК Сегед се веќе елиминирани без да излезат на терен. Европската куќа на ракометот  одлучи  да добијат финансиска компензација од маркетинг правата, откако тоа било решено по дискусијата меѓу ЕХФ и Европскиот клупски форум. Така наречениот „Фондот за солидарност“ би требало да се изнесува 250.000 милион евра и таа сума треба да биде поделена еднакво меѓу сите 10 екипи што ја минаа групната фаза во ЛШ, а кој со новата одлука  ЕХФ ги елиминира без борба. Треба рамноправно да се поделат. па црвено-црните би добиле 25.000 евра како „утеха“.