Во Македонија ќе се одигра нов женски ракометен континентален собир. Ракометната федерација за земјава пред два месеци ја доби довербата од Светската ракометна федерација (ИХФ), да го организира Светското првенство за младинки во 2024 година, Ракометната федерација на Македонија доби уште една организација на натпреварување.
ЕХФ ги обзнани домаќините за Европските првенства и ЕХФ шампионатите во 2021 година во кадетска и младинска женска конкуренција. Во нашата земја ќе бидеме домаќин на ЕХФ шампионат за младинки кој ќе се игра следната година. Голем ќе биде бројот на вардарки кој ќе настпат на овој шампионат, за илустрација кадетската селекција која лани играше на ЕХФ Шампионатот во Италија која ќе биде база за младинската селекција догодина имаше речиси тричетвртини црвено-црни девојки во составот.