Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > (ФОТО) Оригиналниот документ за основање на ФК Вардар

(ФОТО) Оригиналниот документ за основање на ФК Вардар

Тој 27 јули 1947 во повоена Македонија се роди “Вечниот “ љубимецот на многу генерации Скопјани на Македонија ФК Вардар .

Ви го донесуваме оргиналниот документ Решението од тогашното Оделение за Внатрешни работи за основање на ФК Вардар. На тој ден Вардар се роди и доби право да фунционира од тогашните Социјалистички власти.
Интересен е крајот на документот со типичниот поздав за тоа време “Смрт на фашизмот, слобода на народот “

Решението е донесено 28/07/1947 во Скопје

Решението е донесено 28/07/1947 во Скопје

Тој 28-ми jули се роди и постои до ден денешен мина разни премрежиа, Прва Југословенска лига испаѓање и враќање во истата, фунционирање во урнатото Скопје 1963 година по земјотресот. Во лигата на заедничката СФРЈ имаше и многу блесоци, Купот на Маршалот во 1961 година кога Вардар имаше Куп трофеј пред Хајдук член на т.н Голема четворка. Незаборавната, 1987 година Шампион на СФРЈ , таа година се создадоа и Комити . По осамостојување се редеа нови предизвици  играње со послаби противници во земјата кој не беа дораснати на реномето , па  губење на доминацијата па се до испаѓањето од Првата Македонска Лига. Повторната доминација, прв клуб со место во групна фаза во европски Куп, па безпарица, немање лиценца, забрана за транфери и изненадувачко лидерско место оваа сезона…

Но нашиот “ Феникс ’’ повторно се роди од пепелот повторно е најсилен , повторно е најмоќен во Македонија , он е -В Е Ч Н И О Т!