Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро: Немавме многу време за одмор и анализа, но ние секогаш одиме на победа, така ќе биде и против Татран Прешов
Писонеро: Немавме многу време за одмор и анализа, но ние секогаш одиме на победа, така ќе биде и против Татран Прешов

Писонеро: Немавме многу време за одмор и анализа, но ние секогаш одиме на победа, така ќе биде и против Татран Прешов

Вардаррци директно од Украина се упатија за Прешов, каде денес го играат натпреварот од 4.коло на СЕХА-лигата. Актуелниот освојувач на ова натпреварување гостува во Словачка, кај екипата на Татран Прешов. Немавме многу време за одмор, ниту па за анализа на противникот, но вечерва треба да истрчаме на теренот и секако да победиме, тоа го истакна и тренерот, Давид Писонеро кој пред денешниот дуел го изјави следново:

-Се подготвуваме за секој натпревар, иако повторно немавме многу време за анализа, со оглед дека пред два дена одигравме натпревар во Лигата на Шампионите против Мотор Запорожје. Секогаш одиме на победа, така ќе биде и на овој меч од СЕХА-лигата против екипата на Татран  Прешов, кој е познат ривал за Вардар од изминатите сезона во ова натпреварување. Знаеме дека играчите се уморни од долгите патувања и зафатените распореди, но наша одговорност е да се бориме за бодовите, без разлика кој и колку ќе добијат шанса за игра.

Овој натпревар го најави и левиот бек на шампионот, Сергеј Горбок кој очекува тежок меч за својот тим.

-Секогаш кога играме во Прешов е тешко, особено сега, после напорниот меч во ЛШ против Мотор Запорожје. Иако сме малку уморни, наша цел е победата од овој дуел. Претнодниот натпревар против Нексе покажа дека понекогаш работите не одат во посакуваниот правец, но ние секогаш треба да покажеме зошто сме шампиони.

 Натпреварот вечерва се игра од 20:45 часот со директен пренос на МРТ.