Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров: Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме противникот – Димитриоски: Се надевам дека ние младите ќе имаме шанса за докажување
Кокшаров: Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме противникот – Димитриоски: Се надевам дека ние младите ќе имаме шанса за докажување

Кокшаров: Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме противникот – Димитриоски: Се надевам дека ние младите ќе имаме шанса за докажување

После подолго време, Вардар се враќа на настапите во СЕХА-лигата. Утре, црвено-црните гостуваат во Загреб, кај екипата на Пекинг СУ. Вардар има одиграно досега четири натпревари, на кои има три победи и еден пораз. Дуелот со екипата од Кина ќе биде последна подготовка пред мечот од ЛШ против екипата на Брест Мешков. Новиот стратег на клупата на Вардар, Кокшаров даде свое видување за овој натпревар од СЕХА-лигата.

Имавме долг и напорен пат за време на ЕХФ неделата. Сега веднаш почнуваме со натпревари. Можеби на хартија Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме ривалот. Сакаме да одиграме максимално, бидејќи ова е сепак официјален натпревар. Пекинг од натпревар во натпревар игра подобро, и ние секако тоа го сфаќаме сериозно. Имаме проблеми во нашиот тим, но, секако сите други ќе дадат се од себе, изјави Едуард Кокшаров.

Вардар го доби убедливо првиот дуел на домашен терен (37:23), меч на кој шанса добија и помладите ракометари, а Димитриоски се надева дека така ќе биде и на утрешниот дуел.

На првиот натпревар во Скопје шанса добивме помладите. Не треба да сметаме дека Пекинг е аутсајдер, тие се млад тим што постојано напредува и учи од натпревар во натпревар. Верувам дека и сега ние младите ќе имаме шанса за играње и докажување. Најважно е да не го потцениме ривалот и да одиграме на нивото како и досега.

Мечот утре ќе се одигра од 17 и 15 часот.