Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар на мечот против Пекинг СУ без Горпишин, Скубе и Атман
Вардар на мечот против Пекинг СУ без Горпишин, Скубе и Атман

Вардар на мечот против Пекинг СУ без Горпишин, Скубе и Атман

Готово е со  репрезентативните обврски поради  ЕХФ неделата, црвено-црните ракометари ги очекува предизик во  СЕХА Газпром лигата. Утре, вторник гостуваме кај дебитантот во СЕХА лигата, тимот на Пекинг СУ во Загреб. Тоa ќе биде последна контрола пред дуелот со Мешков во ЕХФ лигата на шампионите. Од РК Вардар информираат околу собирот за овој меч и играчите на кои нема да се смета за престојниот дуел. Во информацијата на официјалната страница се вели:

Ракометарите што беа со своите репрезентации директно заминуваат за Загреб, а оние што тренираа во Скопје денеска ќе им се приклучат. Вечерва ќе тренираат заедно, а утре натпреварот е закажан за 17,15 часот. Веднаш по мечот се враќаме во Скопје и почнуваме со подготовките за средбата од ЕХФ лигата на шампионите.

Павел Атман и Сергеј Горпишин се повредени и остануваат во Скопје да им биде извршен лекарски преглед, а Сташ Скубе е болен и доби препорака неколку денови да не тренира и да мирува. Тие се приклучуваат на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште не почнале да играат.