Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: РК Вардар утре на „мегдан“ со Пекинг Спорт
СЕХА: РК Вардар утре на „мегдан“ со Пекинг Спорт

СЕХА: РК Вардар утре на „мегдан“ со Пекинг Спорт

По паузата поради ЕХФ-неделата повторно на сцена се враќаат клубските напреварувања. Црвено-црните веќе утре ги очекува натпревар од регионалата СЕХА Гаспром лига. Избраниците на Кокшаров и Писонеро ќе се соочат со тимот кој прва година игра во ова натпреварување, кинескиот дебитант екипата на Пекинг Спорт.

Вардар е фаворит во оваа средба, веќе одигравме еден натпревар против тимот од далечниот исток, во првото коло од новата сезона 2019/2020 во регионалното напреварување, токму со нив го имавме деби мечот. На натпреварот во „Јане Сандански“ по апсолутна доминација во сите 60.минути ние дојдовме до висока победа со резултат 37:23.  На тој натпревар Димитриоски, Атман и Шишкарев постигнаа по 6 голови. На голот Гедбан имаше 13 одбрани, додека Кизиќ се истакна со 4 интервенции. Лесна победа се очекува и утре, која ќе биде добредојдена пред дуелот во недела со тимот на Мешков Брест во рамки на Лигата на шампионите.  Вардар  во СЕХА досега има одиграно 4 меча со три победи е на 2.позиција на табелата, ривалот има пет пораза од исто толку одиграни натпревари.

Дуелот се игра утре, вторник (29/10/2019) со почеток во 17-15 часот, како што е познато кинескиот тим своите домашни дуели во СЕХА лигата ги одигрува во главниот град на Хрватска, Загреб.