Во среда не очекува дерби натпревар во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на ППД Загреб. И двете екипи веќе имаат обезбедено пласман на завршниот турнир, па сите мисли ќе бидат насочени кон последното коло од Лигата на Шампионите. Денес РК Вардар одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата од овој интересен дуел. Парондо истака дека мечот во среда ќе биде како еден вид подготовка за натпреварот против екипата на Монпелје.
„Ни претстојат две тешки средби неделава. И во двете натпреварувања групната фаза е во финиш. Натпреварот против ППД Загреб ќе ни биде подготовка за дуелот против Монпелје в сабота. Сакаме да одиграме добар дуел в среда. Сепак, мислиме веќе и на Монпелје бидејќи тоа ни е важен дуел во Лигата на шампионите. Прво сакаме добар натпревар против Загреб, а потоа ќе се насочиме целосно кон средбата в сабота. Горбок и понатаму е на листата на повредени. Тој би можел да биде подготвен за 2-3 недели. Борозан е неизвесен и се надевам дека барем на еден од овие два меча ќе може да одигра. Мораеш се надевам ќе може да издржи додека другите ракометари се подготвени за да настапат на дуелот против Загреб,
И средниот бек на Вардар, истакна дека сите мисли ќе бидат насочени кон саботниот дуел во ЛШ, но и дека мора да се одработи овој натпревар од СЕХА-лигата.
„Нашите мисли се насочени кон сабота и натпреварот против Монпелје. Сепак, играчки мораме да го одработиме дуелот против ППД Загреб. Сигурни сме за Ф4 турнирот во СЕХА, но тоа не значи ништо. Во Загреб има квалитет. Овој тим игра во Лигата на шампионите и игра добро, истакна Карачиќ.