Екипата на Вардар на коло пред крајот од групната фаза во Лигата на шампините се наоѓа на третатата позиција која е загарантирана со опција доколу Веспрем загуби а Вардар го добие Монпелје во последното коло, црвено – црните да бидат и на второто место и да добијат уште полесен противник на хартија во 1/8 финалето.
По одиграните 13. рунди во групата А, Вардар може да се пофали дека ја има втората најдобра одбрана по Веспрем. Црвено – црниот “sид” пред голот на Милосављев и Гедбан засега прими 363 голови а Веспрем 347, Барса заостанува зад Вардар со три гола повеќе.
Секако за овој позитивен податок најзаслужни се голманот Милосављев и специјалистот за одбрана Глеб Калараш кој игра фантастично во одбраната.
Примени погодоци во ЛШ (група А)
Веспрем 347
Вардар 363
Барса 366
Рајн-Некар 380
Монпелје 381
Келце 394
Мешков 396
Кристијанштад 443