Играчот на Вардар, Грегор Оцвирк изминатиов период со својата младинска репрезентација беше дел од силен меѓународен турнир во Унгарија. Словенија одигра вкупно три натпревари и забележа по една победа, нерешен резултат и пораз.
Словенците триуфираа во дуелот со Чешка, ремизираа против Србија, додека беа поразени на последниот меч од селекцијата на Унгарија. Оцвирк турнирот го заврши со вкупно 11 постигнати голови. Оцвирк се очекува да се врати во Скопје, каде ќе се приклучи на подготовките на Вардар во пресрет на вториот дел од сезоната.