Од 15-18.јануари во Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра младинскиот ракометен турнир “Еден живот, една љубов„ по што ги дознавме победниците во машка и женска конкуренција. На турнирот организиран од Академијата на Ракометниот клуб Вардар во машкиот дел играа генерација 2008/09, 2006/2007 и 2004/2005, а кај девојките се играше во една генерација, родени 2006 и 2007 година.
Успешно беше организиран овој сегмент од турнирот, се помина во најдобар ред, се одиграа голем број на мечеви и се добија победниците. По крајот на дуелите покрај за првите три екипи во секоја конкуренција се доделија и поеднечни признанија, најдобар голман, најдобар играч и најдобар стрелец. Останува за одигрување уште дуелите кај најмладите учесници, ракометарите родени 2010 и помали. Истите играат мини-ракомет, 4+1 и ќе играат во мешани тимови ( момци и девојки). Натпреварите се предвидени за идниот викенд.