Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Победи за екипите на Ангели и Урдревски, во машкиот дел на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2006/07
(ФОТО) Победи за екипите на Ангели и Урдревски, во машкиот дел на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2006/07

(ФОТО) Победи за екипите на Ангели и Урдревски, во машкиот дел на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2006/07

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански се одиграа два натпревари во машкиот дел на „Јуниор Лигата“ кај генерацијата родени 2006/07 година.

На првиот дуел се сретнаа екипите на Ангели од Скопје и Балтепе од Тетово. До средината на првото полувреме се играше гол за гол на двете страни. Последното израмнување беше при резултат 4:4, по што следеше серија за екипата на Ангели од четири последователни голови со кои се одлепи на 8:4. На полувреме тимот на Ангели беше во предност од 9:5

Стекнатата разлика, екипата на Ангели умешно ја одржуваше и во второто полувреме. Екипата на Балтепе се обидуваше да ја смали негативата, но не успеваше, додека Ангели стигна и до највисоки пет гола разлика (13:8). До крајот на мечот, се беше рутина за Ангели, кога се одлепија и на високи 17:8, а конечниот резултат гласеше 18:9 во корист на Ангели.

На вториот меч, убедлива победа забележа екипата на Урдаревски во дуелот со Балтепе. На овој меч, екипата на Урдаревски беше во постојана предност од првата минута. Највисокото водство кое го стекнаа во првото полувреме беше 8:4, а на полувреме имаа позитива од три гола (9:6).

2 3 4 5 6 7 8

Немаше резултатска неизвесност во второто полувреме, едноставно Урдаревски беше далеку подобар од тимот на Балтепе. Се беше познато кога резултатот на семафорот гласеше 15:7 во корист на Урдаревски. На крајот убедлив триумф кој беше изразен со резултат 21:12.

9