Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Двајца нови позитивни во Вардар, одложен мечот со ПСЖ
Двајца нови позитивни во Вардар, одложен мечот со ПСЖ

Двајца нови позитивни во Вардар, одложен мечот со ПСЖ

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Вардар од шестото коло во Лигата на шампионите што требаше да се одигра утре во Париз и официјално е одложен. Причината што натпреварот е одложен е тоа што во редовите на актуелниот Европски шампион има два позитивни случаи.

Неофицијално, се работи за еден ракометар на Вардар и еден член на стручниот штаб. Поради ова, дуелот на овие два великани е одложен.

Да потсетиме дека до овој момент во Л.Ш, Вардар одигра само три натпревари, а исто толку и му беа одложени.