Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Повторно одложен дуелот ПСЖ – Вардар
Повторно одложен дуелот ПСЖ – Вардар

Повторно одложен дуелот ПСЖ – Вардар

Повторно одложен дуелот ПСЖ – Вардар
Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар 1961 закажан за 9 февруари 2021 е одложен и ќе се игра во друг термин.
Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од Европска Унија (задолжителен карантин при пристигнување).
Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во Франција.
Средбата беше закажана за 9 февруари 2021 година во 18,45 часот. ЕХФ и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот.