РФМ излезе со информација за престојните шампионати У17 и У19 за женските македонски селекции. Во истото се вели:
Ве известуваме дека во канцелариите на ЕХФ во Виена согласно ранкингот во млади категории беше направена поделба на репрезентациите учеснички за младински категории во женска конкуренција (W17) и (W19) кои ќе се одиграат во летниот период во 2021 година.
За генерацијата до 17 години македониските репрезентативки ќе биде учеснички на шампионатот во Литванија (07–15.08.2021 година), каде ќе учествуваат и Шпанија, Србија, Полска, Литванија, Белорусија, Турција, Финска, Латвија, Косово и Велика Британија и истите ќе бидат поделени во две групи.
Шест репрезентации ќе се натпреваруваат во група А додека Група Б ќе брои пет репрезентации.
Организаторот има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.
Додека ЕХФ Шампионатот за генерацијата до 19 години, каде организатор е Ракометната Федерација на Македонија кој ќе се одржи во Скопје во период од 10–18.07.2021 година, македонските репрезентативки заедно со репрезентациите на Холанија, Исланд, Полска, Фарски Острови, Белорусија, Финска, Косово, Босна и Херцеговина и Велика Британија ќе бидат поделени во две групи.
Двете групи А и Б ќе бројат по 5 репрезентации.
Организаторот има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.
Извлекувањето на натпреварувачките групи е закажано за ден 10.02.2021 со почеток во 11:00 часот и ќе биде објавенo на веб страната на ЕХФ www.eurohandball.com.