Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најдено решение за РК Вардар да се врати во Скопје
Најдено решение за РК Вардар да се врати во Скопје

Најдено решение за РК Вардар да се врати во Скопје

Новите ковид рестрикции кои се донесени во ЕУ играчите  на РК Вардар наместо синоќа пред полноќ да бидат во Скопје, тие ќе се вратат дури утре. Утрово патуваа утринава со автобус од Порто до Лисабон. Денеска ги чека петчасовен лет од португалската метропола до Истанбул. Со оглед на тоа што денеска нема лет од Истанбул до Скопје, тие ќе се вратат дури утре околу 9:00 часот наутро.

Вардарци по долгото и исцрпувачко патување ќе имаат шанса да се одморат поради тоа што дуелот со ПСЖ што беше закажан за 9 февруари нема да се игра, па следниот натпревар за македонскиот тим ќе биде гостувањето во Фленсбург на 11 февруари, но и овој дуел е неизвесен.