Денес со почеток од 17:15 часот, тимот на Вардар ќе го одигра последниот натпревар од регуларниот дел во СЕХА-лигата. Нашиот шампион гостува во Босна, на последнопласираниот тим на Извиѓач. Ова ќе биде убава шанса да се вратиме на победите после двата врзани порази и можност да го освоивме првото место на табелата. Тренерот на црвено-црните, Гарсија Парондо, истакна дека неговиот тим денес оди на победа.
-Нашата цел ќе биде прилично иста, како и на натпреварот против Нексе-ние сме Вардар и сакаме да победиме секој пат кога ќе излеземе таму, но веќе обезбедивме место на завршниот турнир и затоа полека се насочуваме кон осминафиналето од Лигата на Шампионите. Сепак, повторувам – ќе играме за да победиме.
Победа најави и Недановски, кој истакна дека неговите соиграчи ќе имаат сериозен пристап.
-Не очекува последниот натпревар во регуларниот дел на сезоната, а ние веќе осма година по ред успеавме да резервираме место на финалниот турнир. Извиѓач се наоѓа на последното место на табелата, а ние ќе играме сериозно посакувајќи да завршиме на врвот на табелата.