Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, потенцира дека овој натпревар е многу важен за неговиот тим и дека се фокусирани да одиграат најдобро во сите 60. минути од средбата. Исто така тренерот на вардарци додаде дека на овој дуел ќе настапи Борозан, иако не играше на СЕХА дуелот пред два дена во Скопје.
„ Првпат играме во Лигата на шампионите на домашен терен сезонава и затоа овој меч е многу важен за нас. Фокусирани сме на овој натпревар и очекувам во сите 60 минути да одиграме на исто ниво и да дојдеме до нови бодови. Вуко Борозан не играше на дуелот од СЕХА. Сега се работи за натпревар од Лигата на шампионите, па Вуко ќе биде во составот, изјави Роберто Парондо, тренерот на Вардар.
Средбата со Кристијанштад се игра во сабота од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.