РК Вардар ја продолжи победничката серија во СЕХА Газпром лигата со триумфот над Стеауа Букурешт, 27-21 (15-11), истовремено поставувајќи нов клупски рекорд. Четирикратниот СЕХА шампион останува на лидерското место на табелата со максималан број бодови.
На тој дуел Иван Чупиќ постигна еден гол од пенал, тоа беше неговиот 100-ти погодок во регионалната СЕХА регионалната лига. Медија тимот на СЕХА лигата изработи видео клип кој може да го погледнете – ОВДЕ!