Тимот на Вардар за прв пат во новата сезона ќе игра пред својата домашна публика. Во сабота во нашиот главен град гостува тимот на Кристијанштад од Шведска. Вардар има одлични шест од шест против овој тим, а Дибиров смета дека се опасни и дека во ниту еден момент не треба да падне концентрацијата на тимот ако сакаат добар резултат
„ Го заборавивме натпреварот против Монпелје. Не сакаме да гледаме назад и секој меч е важен за нас. Сакаме да победиме на овој натпревар, и се соочуваме со тим кој има искуство од неколку години со настапи во Лигата на шампионите. Тоа е екипа која игра различен ракомет со многу брза игра, контранапади, висок интензитеt. Ако падне концентрацијата тогаш нема назад и затоа мораме да играме концентрирано. Ние го сфаќаме противникот сериозно и ќе се обидеме да го одиграме натпреварот на исто ниво од прва до последна минута, вели Тимур Дибиров.
Средбата со Кристијанштад се игра во сабота од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.