Вечерва со почеток од 20 часот, младинската ракометна репрезентација го игра полуфиналниот дуел, на ЕХФ Шампионотот. Противник е селекцијата на Фарски Острови.
Во групната фаза, се пласиравме на првото место и на тој начин се изборивме за шанса да играме во полуфиналето. Беа совладани селекциите на Велика Британија, Швајцарија и Украина, додека ремизиравме во дуелот со репрезентацијата на Италија.
Вечерва пред момците е голем предизвик, да се победи противникот и да се пласираме во големото финале. Што се однесува до 16-те ракометари кои ќе излезат на теренот вечерва, селекторот Брестовац не отстапува од составот, па повторно ќе излезе со проверени сили. Во составот повторно место има и за пет играчи на Вардар. Се работи за голманот Кизиќ, потоа пикерот, Атанасовски, крилото Димитровски и бековите, Кукуловски и Мишевски.