Утре во спортската сала во населбата Автокоманда својот прв собир како подготовка за европското првенство во Данска, ќе го има младинската ракометна репрезентација. Избраниците на Алексанндар Јовиќ после успешно одиграниот квалификацициски турнир во Швајцарија, ги очекува нов голем предизвик на еден мундијал. Да потсетиме дека на споменатиов турнир го освоивме второто место, кое беше доволно за пласман на евсопското првенство. Во решавачкиот меч ја совладавме селекцијата на Црна Гора, додека уште ги победивме Фарски Острови, а бевме поразени од домашната селекција на Швајцарија. Селекторот Јовиќ на првата прозивка повика и пет играчи од ракометниот клуб на Вардар.
Тоше Ончев, Александар Димовски, Стефан Трпчевски и Дејан Кукуловски сите од редовите на РК Вардар 2 кој е второпласиран во првата ракометна лига, како и Илија Трпевски се најдоа на списокот на селекторот Јовиќ за подготовките во пресрет на ЕП во Данска.