Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар Јуниор со победа ја заврши дебитанската сезона во Супер лигата
РК Вардар Јуниор со победа ја заврши дебитанската сезона во Супер лигата

РК Вардар Јуниор со победа ја заврши дебитанската сезона во Супер лигата

Младиот машки сениорски ракометен вардаров колектив тимот на РК Вардар јуниор вчера  одигра меч од плејаут фазата во гости во Велес. Избраниците на Пепи Манасков гостуваат во неговиот роден град Велес кај неговиот матичен клуб екипата на ГРК Борец Велес. Оваа е дебитанска сезона за овој сениорски колектив во најсилната ракометна конкуренција во која успеја да обезбеди опстанок. Мечот беше во рамки на последното коло од плеј-аут фазата и истиот имаше само ревијално значење бидејќи двете екипи веќе им се сигурни позициите.

Вардарци од пред три кола имаат обезбедено опастанок во најсилната машка ракометна конкуренција во земјава Супер лигата, ние на оваа табела во последното коло влеговме како второпласирани со четири бода помалку од лидерот РК Пелистер од Битоала. ГРК Борец успеја одамна да го одмине последното место кое носи во ранг подоле, но не успеја да не биде предпоследна екипа која игра бараж за пополнување на суперлигашката конкуренција со второпласираната екипа од Првата лига, која е второ по квалитет натпреварување во земјата. Интересно е што на таа позиција веќе извесно е третиот сениорски црвено-црн колектив РК Вардар-2 предводен од Стојан Петрушевски. Доколку го добијат играчите на Вардар-2 тој бараж во следната година ќе имаме три црвено-црни колективи во најсилната ракометна машка конкуренција во земјава. Во мечот први поведовме со 1-3 по што со со серија 4-2 домаќините изедначија на 5-5 , а потоа беше и 6-6. Следуваше серија 1-4 за нас и поведовме со 7-10, предноста полека ја зголемувавме и на полувреме заминавме со големи “седум плус“ со уште во тој момент беше познат победникот. На одмор се замина со 15-22, а вториот дел домаќините го стартуваа со два едноподруго голови за минус пет.  Нашата преднос во текот на целиото второ полувреме беше стабилна истата постојано ја зголемувавме и успејавме да славиме со 26-34. Најистакнат во нашите редови беше Јовчевски Влатко со 6 погодока, по 5 гола имаа Андовски Бобан и Ристовски Кристијан, а 4 пати успешно стрелаше Чурлевски Филип.