Иминатиов период пионерската машка екипа на ракометниот клуб Вардар учествуваше на два силни турнири, првиот беше во организација на РК Илинден, додека вториот беше во Белград каде успеавме да го освоивме второто место. На турнирот во Илинден се натпреварувавме со екипи, составени од играчи кои се родени 2002 година, додека во Белград силите ги одмерувавме со врсниците од екипи кои доаѓаат од различни земји. Самиот факт дека во домашната лига одигравме само шест натпревари во есенскиот дел, беше повеќе од потребен и неопходен настап на квалитетни турнири, на кои би ја подигнале формата на повисоко ниво. Главниот предводник на оваа генерација која се формира минатата година е Зоран Петковски-Зенга, тоа е екипа составена од играчи кои беа дел од ракометните школи кои се натпреваруваа во “Јуниор„ лигата. Со оглед дека краток период се заедно и со оглед на неколку нови играчи оваа сезона, мора да постои задоволство кај поранешната голманска легенда на Вардар и Македонската репрезентација, кој смета дека овој тим во продолжение од сезоната се повеќе ќе созрева и ќе сфаќа што тој бара од нив. Во интервју за нашиот сајт, тренерот на црвено-црните ги изнесе своите впечатоци и импресии од двата турнири, како и од прикажаната игра на неговите момци.
-Планот што го направивме се исполни во целост. Малиот број на натпревари во домашното првенство во пионерска конкуренција, моравме некако да го компензираме. Ги прифативме двата турнира во Илинден со постара генерација 2002 годиште , и Белградскиот турнир , каде имавме одлична презентација. Мораме и во иднина на овој начин да го ,,надополнуваме,, такмичарскиот момент, секаде каде ке бидеме поканети на квалитетни турнири. На двата турнири имавме одлична презентација, во Илинден со постарите другари од 2002 годиште, а резултатски во Белград поминавме солидно спротивставувајќи им се на Словенската, Хрватската и Српскита школа ,освен на последниот натпревар каде имавме повредени играчи.
На турнирот во Белград оигравме шест натпревари, на кои единствениот пораз го доживеавме во големото финале од екипата на Студентски Град. Сепак заморот и секако повредите на некои од играчите беа едни главните фактори да го загубиме финалето. Сепак второ место од вкупно 20 учесници е успех за вардарци.
-Не сакав да форсирам во финалето и покрај големата желба кај нив да играат, нехумано е на турнир да форсирам играчи, каде евентуално би ја направиле ситацијата уште покомплицинирана со нивните повреди. Решив на сите да им дадам шанса во финалето и да го ,,осетат паркетот,, без резултатско оптеретување. Самиот факт што го освоивме второто место во конкуренција од дваесетина екипи е одличен успех , иако на оваа возраст не треба да ги гледаме резултатите во прв план .
Очигледен е напредокот во оваа генерација под водство на Петковски и Бисинов. Потребно е уште време и работа, но тимот е на вистинскиот пат.
-Имаме работна атмосфера, посветени сме и јас и Бисинов , но исто и ракометарите, секојдневните тренинзи не ги пропуштаат, речиси и да нема изостаноци. Тоа е првиот сигнал за мене дека сум ,,допрел,, до нив , дека имаме хемија и правец, со серизни спортски предизвици. За четири-пет месеци направивме конкретен напредок, како колективно така и индивидуално, секако има уште многу простор за работа, каде со заедничко вложување треба да стигнеме до посакуваното ниво. Добро сме покриени на сите позиции , имаме солиден ростер, селекцијата е направена на таков начин што долго ги пратевме играчите во нашата ракометна Академија. Ракометот е колективен спорт, потребен е и солиден спаринг на тренинзите, и пријателски натпревари, па да очекуваме конкретен и реален напредок.
Следи заслужен одмор за вардаровите пионери, кои имаат време да ги наполнат батериите и после завршување на божиќните празници да се појават на првата прозивка во новата година.
-На 9. јануари почнуваме со подготовки за вториот дел од сезоната , треба да го искористиме зимскиот распуст и направиме солиден број на тренинзи , со желба да ,,растеме,, на секое поле физички, психички и ментално. За врвни резултати е потребен стабилен и здрав разум, многу зборувам и обрнувам внимание на моите играчи, Нагласувајки дека помеѓу грешка и глупост е голема разлика. Грешка може да направи секој , ама глупостите треба да се избегнуваат и не се повторуваат. Тинејџери се ,,крвта им врие,, торбулентни се , не е лесно со дваесетина деца, се надоврзуваш на нивното домашно воспитување, а не ретко и превоспитување во одредени работи , каде дома му се дозволувало и допуштало. Тоа е во нивни интерес, утре и да не се занимаваат професионално со ракомет, ќе бидат општествено корисни и респектирани луѓе во некоја друга професија.
За крај на интервјуто, популарниот Зенга им ја честита новата година на сите наши читатели.
-За крај да им честитам СРЕЌНА НОВА 2019 ГОДИНА на сите читатели и на вас во редакцијата на Вардар фанс ,за поддршката на мојот тим во текот на целата сезона.
Звонко Ивановски