Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Довчерашниот голман на Вардар, Арпад Штербик се најде во изборот на десет играчи кои ја одбележаа годината во ЛШ
Довчерашниот голман на Вардар, Арпад Штербик се најде во изборот на десет играчи кои ја одбележаа годината во ЛШ

Довчерашниот голман на Вардар, Арпад Штербик се најде во изборот на десет играчи кои ја одбележаа годината во ЛШ

Во последниот ден од годината, ЕХФ направи избор од 10 ракометари кои ја одбележале 2018 година во Лигата на Шампионите.

Во истиот се најде и довчерашниот голман на Вардар, Арпад Штербик кој оваа сезона се пресели во екипата на Веспрем. Штербик го освои четвртото место со црвено-црните на завршниот турнир во Келн и имаше уште една одлична година зад себе.

Покрај Штербик во изборот се најдоа уште и Кирил Лазаров ( Нант),  Бјарте Мјуирхол (Скјерн), Енди Шмид (Рајн Некар), Алекс Душебаев (Келце), Винсен Жерар (Монпелје), Диего Симонет (Монпелје), Сандер Сагосен (ПСЖ), Сирил Думолан (Нант) и Недим Ремили (ПСЖ).

Видеото со најдобрите десет играчи за 2018 година можете да го погледнете на линкот, ТУКА.