Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Зоран Петковски: Реализиравме се што беше зацртано, задоволен сум од ракометарите кои секојдневно се наметнуваат со својот ангажман
Зоран Петковски: Реализиравме се што беше зацртано, задоволен сум од ракометарите кои секојдневно се наметнуваат со својот ангажман

Зоран Петковски: Реализиравме се што беше зацртано, задоволен сум од ракометарите кои секојдневно се наметнуваат со својот ангажман

Пионерите на ракометниот клуб Вардар под водство на Зоран Петковски завршија со одигрување на пријателски натпревари во Струга.

На последниот натпревар со Енхалон играа играчите со помала минутажа и одработија како што треба. Крајниот резултат од 41:24 говори за сликата на теренот. Ова беше последен натпревар за оваа сезона. Од понеделник ракометарите ќе одат на заслужен одмор со,, летни,, задолженија.

Во Струга одигравме меч против екипата на Охрид, како и два дуели против тимот на Струга, генерација 2002 и 2004 година. За нашиот сајт, популарниот Зенга изрази задоволство од сработеното сезонава и на овие контролни мечеви.

-Реализиравме се што беше зацртано и задоволен сум од ракометарите кои секојдневно се наметнуваат со својот ангажман. Во многумина гледам светла иднина доколку придолжат да вложуваат со ова темпо. Иако сум свесен дека понекогаш им бев напорен, но тоа е во нивни интерес, а тие тоа добро го знаат. Драго ми е што допрев до нив и што ја имам оваа „хемија“ во екипата. Се одјавувам за оваа сезона со прекрасни импресии и што е најважно без поголеми изостаноци и повреди, изјави Зоран Петковски.

Звонко Ивановски