Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пик Сегед доби ракометна лекција од момците на Зенга, пионерите на Вардар триумфираа со 13 гола повеќе
Пик Сегед доби ракометна лекција од момците на Зенга, пионерите на Вардар триумфираа со 13 гола повеќе

Пик Сегед доби ракометна лекција од момците на Зенга, пионерите на Вардар триумфираа со 13 гола повеќе

На меѓународниот турнир во Скопје, огранизиран од КЛ 7, пионерите на РК Вардар денес го одиграа 2.коло. Момците на Зоран Петковски-Зенга одигаа натпревар против тимот на унгарски, Пик Сегед. Во меч кој започна израмнето издоминиравме во целост, триумфирајќи со високи 13 гола позитива. Победата за црвено-црните надежи дојде со резултат 31-18.

Унгарците поведоа први на почетокот тие имаа водство 0-1, 1-2 и 2-3 по што дојдоа наши моменти. Влеговме во ритам целосно го контролиравме дуелот во продолжение, газевме на теренот и влеговме во одлична серија. Со серија 6-1 успеавме да на правивме пресврт и да поведеме со високи 8-4. По овој момент на теренот се беше во наша корист, ние успевавме да вратиме на секој нивни погодок со двојна мерка па ја зголемивме за дупло разликата пред паузата. На одмор заминавме со предност од 16-8.

34
Вториот дел започна со по еден гол во двете мрежи за почетни 17-9. По една третина ракомет во второто полувреме дојдовме до двоцифрена предност на овој дуел, црвено-црните пионери поведоа со 22-12. Го контолиравме целосно овој период на 5-6.минути до крајот ја имавме највисоката предност со 13. погодоци (29-16). Во последните минути од финишот двата тима стрелаа во двете мрежи по два пати за конечните 31-18.

Кај нас Андреј Петрушевски со 5 гола беше прв стрелец, Кирил Симоновски погоди 4 пати. По три гола имаа четири момци: Xристијан Петковски, Давид Славевски, Матеј Трајановски и пикерот Александар Стоjменов.